24фудбал

Стоичков: Реал Мадрид може да биде шампион само во лигата на ветерани

Легендарниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков не пропушти да ја искоментира лошата сезона на Реал Мадрид кој не успеа да освои ниту еден трофеј.

Шпанија
Барселона е новиот шампион во Шпанија, а каталонскиот клуб може да дојде и до тројна круна бидејќи игра во финалињата на Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.
 
За разлика од нив, Реал Мадрид завршува сезона без трофеј, па најдобриот играч во историјата на бугарскиот фудбал не пропушти да го пецне ривалот.
 
„Во последните седум сезони освоија само една титула шампион на Шпанија. Сигурно повеќе титули би имале во тој период за нив да играат ветераните. Впрочем тоа е клуб кој во моментов би можел да биде шампион само во лигата на ветераните" - вели Стоичков.
 
„Навивачите на Реал Мадрид фудбалските финалиња можат да ги гледаат само на телевизија. Затоа се префрлија на кошарка, сега тоа им е спортот број еден".