24фудбал

Кедира пред трансфер во Јуве?

Според пишувањата на Marca, Сами Кедира е на добар пат да потпише за старо-новиот шампион на Италија, Јувентус

Италија

Репрезентативецот на ’Панцирите’ е под договор со Реал Мадрид до 30. јуни, и има неколку понуди од Англија и Германија.

Подолго време се говори дека Сами Кедира е во сериозни преговори со Шалке, но последните информации велат дека фудбалерот од средниот ред е многу блиску до потпис со Јувентус.

Денешното издание на Marca пренесува дека Германецот е привлечен од спортскиот потенцијал, односно од можноста да игра во Лигата на Шампионите и секоја година да се бори за титули.

За преселбата на Сами Кедира во Торино пишува и денешното издание на La Repubblica.

Но според италијанскиот весник, во овој момент преговорите се во почетна фаза, и лидерите на Јувентус оствариле само информативен контакт со агентите на фудбалерот.