24фудбал

Чави потврди: Ова е прав момент да заминам

Капитенот на Барселона, Чави попладнево соопшти дека заминува од Камп Ноу по крајот на сезона и покрај тоа што имал понуда за продолжување на договорот

Шпанија

Фудбалерот од средниот ред беше на чекор до заминување од Барселона минатото лето, но лидерите на клубот и тренерот Луис Енрике го убедија да остане уште една година.

Минатиот месец се појавија стории дека Чави веќе се договорил со Ал Сад и кариерата ќе ја продолжи во Катар.

’Каталонците’ се обидоа уште еднаш да го предомислат својот капитен, но Шпанецот решил дека ова е прав момент за збогување.

„Сакам да потврдам дека по крајот на сезоната заминувам” – рече Чави на денешната прес-конференција.

„Одлуката е тешка, но заедно со семејството решивме дека ова е правиот чекор. Време е да заминам”.

„Минатото лето кога решив да останам уште една година донесов исправна одлука, Но сега е време за промена, за нов предизвик”.

„Ме чека возбудлив проект во Катар, ќе играм за Ал Сад во следните две години. Потоа ќе можам да бидам тренер или спортски директор”.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба. Изминативе неколку недели ми беше понуден нов договор со трајност до 2018, но веќе имав донесено одлука”.

„Исто така сакам да им се заблагодарам на фановите, се надевам дека никого не разочарав”.

„Планот е еден ден да се вратам тука”.

Чави и се приклучи на академијата на Барса како 11 годишно момче, дебитираше во првиот тим на Барса во 1998 и зад своето име забележа преку 750 настапи, што е клупски рекорд.