24фудбал

Бартомеу: Нема шанси Анчелоти да дојде во Барса

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу вели дека сториите за пристигнување на Карло Анчелоти на Камп Ноу се лажни и само обид за дестабилизација на клубот

Шпанија

’Каталонците’ во неделата стигнаа до титулата во Примера, а во следните 20 дена ќе имаат можност за триумф и во Купот на Шпанија и во Лигата на Шампионите.

И покрај тоа што постојат реални шанси Барса да ја освои тројната круна, често се говори за заминување на тренерот Луис Енрике.

Се говори дека Барселона веќе има листа со потенцијални наследници на тренерот, а медиумите од Шпанија вчера дури лиферуваа информации дека Карло Анчелоти би можел да направи шокантна преселба од Сантијаго Бернабеу на Камп Ноу.

Сепак, претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу експресно го негираше ова и обвини дека ваквите стории се обид за дестабилизација на клубот.

„Енрике има договор и ќе продолжи” – вели Бартомеу. „Добро си ја врши работата”.

„Не сме преговорале за продолжување на соработката, но има време за тоа”.

„Бесни сме на сториите што се појавија и најавите за пристигнување на Карло Анчелоти”.

„Ваквите написи се само лаги. Тоа е обид за дестабилизација на Барса”.

„Браида (спортскиот директор) немаме креирано листа со потенцијални наследници на Луис Енрике”.

„Браида и Рексач само следат фудбалери”.