24фудбал

Агентот на Стерлинг: Карагер е шупак

Агентот на Рахим Стерлинг ја нападна легендата на Ливерпул, Џејми Карагер и порача дека неговиот клиент нема да потпише нов договор дури и ако му понудат неделна плата од речиси 1 милион фунти

Англија

Рахим Стерлинг утре треба да се сретне со лидерите на Ливерпул и да разговара за својата иднина, но се чини дека неговите денови на Енфилд се одбројани.

Во разговор со London Evening Standard, агентот на Рахим Стерлинг истакна дека неговиот клиент нема намера да стави потпис на нов договор, дури и ако му биде понудена неделна плата од речиси 1 милиони фунти.

„Не ми е грижа каков е имиџот на клубот, или пак ситуацијата во Ливерпул” – вели Ејди Ворд.

„Стерлинг дефинитивно нема да стави потпис на нов договор. Нема да го продолжи договорот дури и ако му понудат 700, 800 или 900 илјади фунди неделно. Нема да потпише нов договор”.

20 годишниот репрезентативец на Англија пред неколку месеци одби неделна плата од 100 000 фунти, и многумина посочија дека зад ваквата одлука на играчот стојат лоши совети од неговиот агент.

„Моја задача е да се погрижам моите клиенти да бидат среќни. Доколку луѓето велат дека лошо ја вршам работата, или давам лоши совети, тоа воопшто не ме загрижува”.

На почетокот од оваа недела, легендата на Ливерпул, Џејми Карагер му порача на младиот Стерлинг да замолчи и да се фокусира на фудбалот, како и да го промени агентот.

„Карагер е шупак. Сите го знаат тоа” – додава Ворд. „Не обрнувам внимание на критиките што пристигнуваат од стручните коментатори и поранешниоте легенди на Ливерпул”.

За услугите на Рахим Стерлинг интерес пројавуваат голем број клубови ширум Европа, но Ејди Ворд сугерира дека неговиот клиент планира да остане во Премиер лигата, а медиумите велат дека Челзи и Манчестер сити се најсериозни кандидати.

„Не сум загрижен. Загрижени сте кога треба да донесете одлука а не знаете што ќе се случи”.

„Сите клубови од Премиерлигата ќе достават понуда за него”.