24фудбал

Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Реал Мадрид?

Според италијанските медиуми, Карло Анчелоти ќе замине од кормилото на Кралскиот клуб а нов предводник на Реал Мадрид ќе биде Рафа Бенитез.

Шпанија
Откако Реал Мадрид не успеа да освои ниту еден трофеј оваа сезона, гласни се шпекулациите дека Карло Анчелоти ќе добие отказ.
 
Неколку имиња се посочуваат како негови замени, а италијанските медиуми тврдат дека тоа ќе биде Рафа Бенитез.
 
Според Газета дело Спорт, Рафа Бенитез ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Шпанскиот стратег ги одбил сите понуди, вклучувајќи и понуда од Ливерпул за да се пресели на Сантијаго Бернабеу.
 
Бенитез ја започна својата тренерска кариера во вториот тим на Реал Мадрид пред да замине во некои други шпански клубови како Ваљадолид, Осасуна, Екстрамадура, Тенерифе и Валенсија. 
 
Сега Шпанецот на кој договорот со Наполи му истекува по завршувањето на сезоната, сака да се врати во својот роден град и да го превземе кормилото на Реал Мадрид.
 
Останува да видиме дали има вистина во шпекулациите на Газета дело Спорт.