24фудбал

Двојна круна за Јувентус, Старата Дама го освои и Купот на Италија

Со гол на Матри во продолженијата Јувентус со 2-1 го победи Лацио во финалето од Купот на Италија и по 10. пат во својата историја се радуваше на овој трофеј.

Италија
Втор трофеј оваа сезона за Јувентус, двојна круна за старата дама откако го победија Лацио во финалето од Купот.
 
Лацио одлично го започна натпреварот, уште во 4. минута Раду со глава реализираше за водство од 1-0.
 
Но радоста не траеше долго, веќе во 11. минута Киелини успеа да го изедначи резултатот на 1-1.
 
До крајот на регуларниот дел и двете екипи имаа свои шанси за победа, но немаше погодоци па натпреварот замина во продолженија.
 
Во нив Лацио немаше среќа, најпрво Ѓорѓевиќ шутираше одлично но топката ги погоди и двете стативи од голот на Сторари, а брзо потоа Јувентус казни со гол на Матри кој значеше голема радост, победа од 2-1.
 
Ова беше 10. круна во италијанскиот куп за Јувентус, тие се единствениот клуб на кој тоа му успеало.
 
Јувентус има шанса и за тројна круна оваа сезона бидејќи им останува финалето од Лигата на шампионите во кое играат против Барселона.