24фудбал

Работнички го одбрани трофејот во Купот на Македонија

Со пресврт во второто полувреме Работнички со 2-1 го победи Тетекс и го одбрани Купот на Македонија.

Македонија
Работнички повторно се радува на трофејот од Купот на Македонија, романтичарите со 2-1 славеа против Тетекс во финалниот натпревар одигран на арената Филип Втори.
 
Натпреварот помина во тактичка игра и од двете страни но со одлични голови и неколку убави шанси пред се на страната на Работнички.
 
И покрај иницијативата на Работнички, пред крајот на првото полувреме Тетекс поведе со гол на Чурлинов.
 
Со почетокот на вториот дел Работнички го зголеми притисокот кон голот на Тетекс, тоа конечно вроди со плод во 69. минута кога Баже Илјиоски постигна фантастичен гол со пета за израмнување на 1-1.
 
Две минути подоцна големо олеснување за Работнички, по еден опасен старт Најдовски заработи црвен картон, Тетекс остана со играч помалку.
 
Теренската надмоќ беше брзо крунисана, со погодок на Алтипармаковски во 73. минута Работнички направи комплетен пресврт и дојде до својата четврта куп титула.