24фудбал

Видал: Во Торино можам да останам целиот мој живот

Артуро Видал се чини дека ќе остане во Јувентус и покрај интересот од неколку клубови меѓу кои и Ливерпул.

Италија
Ливерпул е сериозно заинтересиран за услугите на Видал, но Чилеанецот е среќен со животот во Торино и вели дека тешко би можел да го напушти Јувентус.
 
„Торино го чувствувам како дома. Луѓето се многу топли и имаат пасија, многу Латино, слично како во Чиле. Ме поздравуваат кога одам по улица" - вели Видал.
 
„Би можел да останам во Торино целиот живот. Се разбира, Јуве е еден од најдобрите клубови во светот. И тешко е да заминете од некаде од каде што сте среќни".
 
„Овој тим е спектакуларен, откако го освоивме Скудетото, сега сакаме да ја освоиме и Лигата на шампионите".