24фудбал

Гвардиола ќе го обнови договорот со Баерн до 2018?

Според пишувањата на Sport Bild, Баерн Минхен се обидува да ја продолжи соработката со тренерот Пеп Гвардиола до 2018

Германија

Шпанецот е обврзан кон ’Баварците’ до 2016, но често се говори за негово заминување од Минхен веќе по крајот од сезоната.

Сепак, лидерите на клубот се задоволни од работата на стратегот и сакаат да ја продолжат соработката.

Според денешното издание на Sport Bild, Баерн Минхен се обидува да го обнови договорот на Пеп Гвардиола до 2018.

Извештајот вели дека тренерот е подготвен да ја продолжи верноста, но под два услова.

44 годишниот стратег сака да има комплетна слобода при изборот на засилувањата, за да може да ја имплементира својата филозофија.

Пеп Гвардиола наводно не сака да се повтори ситуацијата од пред две години кога тој инсистирал на Алианц Арена да пристигне Нејмар, а лидерите на клубот го убедувале дека Марио Геце е подобар избор.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд пристигна во Минхен, но игра далеку под очекувањата и не успеа да се наметне во првиот тим.

Се верува дека Пеп Гвардиола на лидерите на клубот веќе им дал листа со желби за летниот преоден рок, потребен е нов десен бек, нов фудбалер од средниот ред како и алтернатива за Арјен Робен и Франк Рибери.

Вториот услов на стратегот е негов доктор и лекарски тим да биде присутен во тренинг центарот и да се грижи за фитнесот на играчите.

Пеп Гвардиола не беше задоволен од работата на Ханс Вилхелм Милер Волфхарт, кој минатиот месец си поднесе оставка и ја прекина долгогодишната соработка со Баерн.