24фудбал

Мурињо: За поразот од ВБА се криви Сити, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо во негов стил го прокоментира синоќешниот убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај ВБА.

Англија
Новиот шампион на Англија, Челзи синоќа го доживеа највисокиот пораз оваа сезона откако со убедливи 3-0 загуби на гостувањето кај ВБА.
 
Но и покрај поразот, Жозе Мурињо беше расположен и во свој стил ја објасни причинита за дебаклот на неговиот тим.
 
„Кога сте шампион и кога титулата е обезбедена тогаш во овие натпревари немате доволно желба да бидете на највисоко ниво, ја немате потребната мотивација. Идеално сценарио за екипа која пред последното коло ќе стане шампион е да не го игра останатиот дел од првенството. Во тој случај завршуваме со работи и одиме на одмор. А вака мораме да играме три натпревари, мотивација нема, во нашата игра недостасува зачин" - вели Мурињо.
 
„За ова што се случи против ВБА би требало да ги обвините Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул. Поради нивните лоши резултати многу рано ја освоивме титулата и потоа се опуштивме".