24фудбал

Чакир ќе го суди финалето на Лигата на шампионите

Турскиот судија Џунејт Чакир ќе ја дели правдата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Барселона.

Лига на Шампиони
На 6. јуни во 20:45 часот турскиот судија ќе го означи стартот на натпреварот на сезоната помеѓу Јувентус и Барселона, УЕФА одлучи на Чакир да му ја додели честа да го суди натпреварот.
 
38-годишниот Чакир оваа сезона судеше три натпревари од Лига Европа и четири од Лигата на шампионите меѓу кои и дуелот помеѓу ПСЖ и Челзи кој се играше во Париз.
 
Асистенти на Чакир ќе бидат Дуран и Онгун од Турција, четврти судија ќе биде Џонас Ериксон од Шведска.
 
Финалето од Лига Европа помеѓу Днипро и Севиља му е доделено на англискиот судија Мартин Аткинсон.