24фудбал

Мајнц му се заблагодари на Новески, Македонецот со солзи во очите го напушти теренот

Многу емоции на последниот натпревар за Николче Новески пред навивачите на Мајнц кои знаеа како да му се заблагодарат на македонскиот фудбалер кој е вистинска легенда на германскиот клуб.

Македонија
Навивачите на Мајнц му кажаа збогум на Николче Новески кој го одигра последниот натпревар пред своите навивачи.
 
Новески кој во Мајнц пристигна во 2004 година стана вистинска легенда на клубот, а долги години беше и капитен на тимот.
 
Во четвртата минута (поради бројот 4 на неговиот дрес) од денешниот натпревар против Келн, публиката со стоечки овации го поздрави Новески, а на трибините се појави транспарент на кој пишуваше:
 
„11 години, 345 натпревари, 13 голови, рекордер во автоголови, претставник во европските купови, ти благодариме Николче Новески".
 
Новески во игра остана до 87. минута кога со солзи во очите го напушти теренот.