24фудбал

Пред 10 години против Јуве малиот Лео најави дека ќе биде новиот фудбалски крал (ВИДЕО)

На дуел помеѓу Барселона и Јувентус во 2005 година, Лионел Меси го покажа својот голем талент и навести дека светот ќе добие нова фудбалска икона.

Лига на Шампиони
Аргентинецот дебитираше за Барселона во сезоната 2004/05, и тогаш успеа да стане најмладиот играч што настапил за првиот тим на ’Каталонците’ и најмладиот стрелец во Примера (рекорди што подоцна беа соборени од Бојан Кркиќ).
 
Но можеби позначеан е дуелот помеѓу Барса и Јувентус на Гампер турнирот на стартот од сезоната 2005/06, кога Лео Меси го покажа својот голем талент и навести дека светот ќе добие нов крал.
 
Меси беше стартер во тимот на Рајкард и неколку пати успеа да ги измеша противничките играчи, за паметење е и извонредната асистенција за голот на Иниеста како и скандирањето на околу 100 000 фанови, кои гласно го извикуваа презимето на напаѓачот.
 
Тренерот на Јувентус, Фабио Капело бил толку импресиониран од 18 годишниот Меси што уште во текот на средбата побарал од Рајкард да го добие Аргентинецот на позајмица, но секако одговорот бил негативен.
 
„Точно е дека го прашав Рајкард дали може да го донесеме Меси на позајмица во Јувентус” – неодамна откри Капело.
 
„Знаев колку се добри моите странични бекови и кога видов што им прави Меси знев дека тој е специјален”.
 
„Тој правеше работи за кои другите играчи ниту помислуваат”.
 
На 6. јуни Меси повторно ќе игра против Јувентус, овој пат во големото финале од Лигата на шампионите.