24фудбал

Арсенал ќе лапне 3,8€ милиони ако Барса ја освои ЛШ

’Топџиите’ ќе инкасираат речиси 4 милиони евра доколку ’Каталонците’ следниот месец го подигнат трофејот од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Фановите на Арсенал имаат причина плус да навиваат за Барселона кога клубот од Камп Ноу на 6. јуни во Берлин ќе се сретне со Јувентус во финалето од најелитното европско натпреварување.

Победа на Барселона над Јувентус на Арсенал ќе му донесе 3,8 милиони евра, а причина за тоа е трансферот на Томас Вермален.

Репрезентативецот на Белгија, пред почетокот на сезоната се пресели во Барса, но поради повреда нема одиграно ниту една минута оваа сезона.

Сепак, според клаузула во договорот помеѓу двата клуба, триумф во Лигата на Шампионите, на Арсенал ќе му донесе 3,8 милиони евра.

Весникот Sport пренесува дека Барселона за услугите на дефанзивецот платила 10 милиони евра, а се обврзала да плати уште 5 додатни во најразлични бонуси, како и екстра 3,8 милиони евра доколку триумфира во Лигата на Шампионите.

Но јасно е дека титула во Лигата на Шампионите лесно ќе придонесе Барса брзо да заборави на оваа сума.