24фудбал

Алегри: Заслужено сме во финале

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри има само пофални зборови за своите играчи, вели дека ’Бјанконерите’ заслужено избориле дуел со Барселона во Берлин

Лига на Шампиони

По 12 години пауза, Јувентус ќе игра во финале од Лигата на Шампионите, откако вчера ’Старата Дама’ се избори за 1-1 на гостувањето на Сантијаго Бернабеу.

„Натпреварот беше комплексен, Реал Мадрид има огромен квалитет во своите редови” – рече Масимо Алегри по крајот на натпреварот.

„Морате да бидете фокусирани и сконцентрирани 95 минути бидејќи Реал може да постигне гол во секое време”.

„Заслужено сме во финале. Морам да ги пофалам моите играчи, тие беа извонредни”.

„На паузата помеѓу двете полувремиња им кажав да останат смирени и дека ќе ни се укажат шанси”.

„Одигравме добро на средината од теренот, и покрај голот креиравме уште неколку добри прилики”.

„Мората полека прераснува во голем играч. Забележа огромен напредок, но сеуште е млад, има многу простор за подобрување и не го достигнал врвот”.

Во финалето, Јувентус за противник ќе ја има Барселона, тренерот на ’Бјанконерите’ добро ги познава ’Каталонците’ од времето кога беше предводник на Милан.

„Тоа ќе биде уникатен натпревар. Ќе беше многу тешко доколку се работеше за двомеч, но се работи за само еден натпревар па се може да се случи”.

„Навикнат сум да игра против Барселона, се сретнав со нив осум пати за четири години”.