24фудбал

Јувентус му ја симна круната на Реал Мадрид, Европа ќе добие нов шампион!

Јувентус успеа да остане непоразен на Сантијаго Бернабеу и да се пласира во големото финале од Лигата на шампионите каде што ќе игра против Барселона.

Лига на Шампиони
Реал Мадрид е елиминиран, Европа ќе добие нов шампион, Јувентус заслужено се пласира во финалето од Лигата на шампионите.
 
А работите тргнаа добро за Реал Мадрид, во 23. минута можеби престрого беше досуден пенал за домаќините, Роналдо реализираше за предност од 1-0.
 
Јувентус не беше на потребното ниво во текот на првиот дел, но беше одличен во второто полувреме.
 
Во 57. минута Мората повторно беше кобен за неговиот поранешен клуб, реализираше за изедначување на 1-1.
 
Реал Мадрид имаше доволно време за нов гол, но јалови беа нападите кон Џиџи Буфон, Јувентус преку големи шанси на Маркизио и Погба беше и поблиску до победата.
 
Јувентус заслужено се пласира во финалето, а Реал Мадрид се чини дека ќе заврши сезона без освоен трофеј.