Категорија: Лига на Шампиони 13.05.2015 13:48
’Каталонците’ вчера го чекираа билетот за финалето во Берлин, па вечерва релаксирано ќе го чекаат својот противник.
Јувенутс гостува во Мадрид со предност од 2-1, но во пресрет на реваншот, медиумите излегоа со статистика која сигурно нема да им се допадне ниту на ’Кралевите’ ниту на ’Бјанконерите’.
Сите клубови што го елиминирале Пеп Гвардиола во Лигата на Шампионите, на крајот успеале да му се радуваат на трофејот.
Во сезоната 2009/2010, Интер ја елиминираше Барселона предводена од Пеп Гвардиола и подоцна триумфираше во Лигата на Шампионите.
Две години подоцна иста беше ситуацијата и со Челзи, ’Сините’ ги елиминираа ’Каталонците’ и Пеп, и успеаа да стигнат до трофејот.
Последен што имаше корист од оваа статистика беше Реал Мадрид, кој минатата сезона ги отпиша Баерн Минхен и Гвардиола за потоа преку Атлетико Мадрид да стигне до јубилејниот 10. трофеј во Лигата на Шампионите.