24фудбал

Вијали: Јувентус има 75% шанса да се пласира во финалето

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Џанлука Вијали верува дека шампионот на Италија е блиску до пласман во големото финале од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони
Јувентус вечерва со предност од 2-1 ќе го почне реванш полуфиналниот натпревар против Реал Мадрид, предноста не е голема, но Вијали верува во својот поранешен тим.
 
„Голем оптимист сум и мислам дека Јуве има 75% шанса да се пласира во финалето" - вели Вијали.
 
„Важен фактор ќе биде и атмосферата на Сантијаго Бернабеу која секогаш при вакви дуели е жешка, но Јувентус не смее да подлегне на шпанскиот притисок".