24фудбал

Чави прв со 150 настапи во ЛШ

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Чави стана првиот играч со 150 настапи во најелитното европско натпреварување

Лига на Шампиони

Легендата на Барселона, своето деби во Лигата на Шампионите го имаше во 1998 против Манчестер Јунајтед во натпревар кој заврши 3-3.

35 годишниот Чави вчера влезе во второто полувреме на дуелот помеѓу Баерн Минхен и Барселона, стигна до 150. настап во најелитното европско натпреварување и стана првиот играч кој може да се пофали со оваа бројка зад своето име.

Сепак, за очекување е уште денес во овој клуб да се приклучи и Икер Касиљас.

Голманот на Реал Мадрид има 149 настапи во Лигата на Шампионите, и вечерва треба да биде стартер против Јувентус.