24фудбал

Анчелоти: Да ја освоиме Лигата на шампионите и да запишеме нова историја

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти посакува победа над Јувентус со која неговиот тим ќе се пласира во финалето и ќе се бори втора година по ред да го освои големиот пехар, нешто што досега на никој не му успеало.

Лига на Шампиони
Откако најелитното клупско натпреварување го носи името Лига на шампиони (1992-93), ниту еден клуб не успеал два пати по ред да го крене големиот пехар.
 
Реал Мадрид има шанса за таков историски момент, но затоа е потребно најпрво да го елиминира Јувентус кој има предност од 2-1 по првиот натпревар, а потоа да победи и во финалниот натпревар во Берлин.
 
„Тимот е фокусиран и има желба за победа" - вели Карло Анчелоти на денешната прес конференција.
 
„Има желба за победа во полуфиналето и можност да играме во уште едно финале, да се обидеме да победиме таму и да испишеме уште едно парче историја".
 
„Историјата не е на наша страна, но ќе направиме се што можеме за да победиме. Не смееме да ја губиме концентрацијата, и ќе треба да играме со интензитет".
 
Карим Бензема е комплетно подготвен за утрешниот натпревар и можно е да биде стартер.
 
„Бензема е 100% подготвен. Имаше повеќе време да се опорави и се е комплетно подготвен. Би можел да биде стартер или да почне од клупата".