24фудбал

Енрике: Не смееме да се опуштиме

Тренерот на Барселона, Луис Енрике вели дека никако не смее да се потцени Баерн Минхен, вели дека тие нема само да се бранат за да ја остварат целта и да се пласираат во големото финале од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони
Барселона со предност од 3-0 утре ќе истрча на Алијанц арената. Каталонците имаат големи шанси да го елиминираат Баерн Минхен и да се борат за шампионскиот пехар.
 
„Да, ние сме најдобриот тим од контра напади. Ако вика така Пеп, го прифаќам тоа, но ние не сакаме да имаме луд натпревар. Сакаме да ја имаме топката и да креираме шанси. Потребно е да се фокусираме и на нападот и на одбраната, бидејќи ако само се браниме нема да можеме да постигнеме гол" - вели Луис Енрике.
 
„Не смееме да мислиме дека е готово, треба да го почитуваме противникот. Знаеме колку е голем Баерн, па ќе дадеме се од себе за да не му дозволиме да создаде многу шанси".
 
„Доколку дојдеме во водство, тоа ќе биде добро за нас. Како и да е, Баерн има квалитет да постигнува голови, ни создаде проблеми и во Барселона. Имаме заедничка цел, да се пласираме во финалето. Најважна е мотивацијата, се разбира дека имаме многу добар резултат од првиот дуел, но важно е фудбалерите да веруваат во себе".