24фудбал

Баерн не дал гол на три натпревари по ред, прв пат во последните 17 години!

Тимот на Пеп Гвардиола не знае за погодок на последните три натпревари, таков голгетерски пост Баерн Минхен немал во последните 17 години.

Лига на Шампиони
Баварската машинерија изгледаше перфеткно на дуелот против Порто кој го доби со 6-1, тогаш се чинеше дека тимот на Пеп Гвардиола е незапирлив, но веднаш потоа се променија работите.
 
Баерн Минхен беше елиминиран од Борусија Дортмунд во Германскиот Куп, по што следуваа три порази без постигнат гол, најпрво од Леверкузен, а потоа и од Барселона и Аугсбург.
 
Баерн Минхен нема постигнаго гол точно 361 минута, нешто што не му се случило на овој клуб во последните 17 години.
 
Лоши бројки за тимот на Пеп Гвардиола во пресрет на полуфиналниот дуел со Барселона во кој мора да одиграат на нивото како со Порто доколку сакаат да го направат интересен утрешниот натпревар.