24фудбал

Шалке ги раскина договорите на Боатенг и Сем

Шалке реши да ја прекине соработката со Кевин Принц Боатенг и Сидни Сем, на една недела e суспендиран Марко Хегер

Германија

Клубот од Гелзенкирхен игра слабо во последно време, а по поразот од Келн во неделата, лидерите на Шалке решија дека е време за драстични чекори.

Жртви на лошата форма се Кевин Принц Боатенг и Сидни Сем, нивните договори попладнево беа раскинати.

Еднонеделна суспензија доби Марко Хегер, 25 годишниот фудбалер нема да тренира со првиот тим ниту да настапи на следниот натпревар проитв Падерборн на домашен терен.

Во моментов, Шалке е на позицијата број шест на табелата, и во последните два натпревари од сезоната мораат да го задржат ова место за да обезбедат настап во Лига Европа.