Категорија: Лига Европа 08.05.2015 09:27
Наполи треба да се помачи за пласман во финалето откако вчера Днипро со гол од офсајд обезбеди реми од 1-1 и поволен резултат пред реваншот во Украина следната недела.
По ваквиот развој на настаните, сопственикот на ’Наполитанците’, Аурелио Де Лаурентис распали по Мишел Платини и УЕФА.
Првиот човек на Наполи му порача на Французинот да си поднесе оставка чим не може да делегира судии достоинствени за полу-финале од Лига Европа, и сугерираше дека европската куќа на фудбалот сака Севиља одново да триумфира во најмасовното европско натпреварување.
„Секако дека сум бесен” – рече Де Лаурентинс.
„Голот беше од офсајд. Сакаат да му дадат важност на натпреварување кое е безвредно. Играме само бидејќи со триумф можеме да настапиме во Лигата на Шампионите”.
„Во полу-финале не можете да делегирате шест судии кои не се способни да водат натпревар”.
„Платини направи голема грешка. Сигурен сум дека ќе размислува за ова во темница во неговата соба во Нион”.
„Можеби е подобро да замине. Доколку некој организира натпреварување а не е способен да гарантира добри судии, тогаш тој не заслужува да го прави тоа”.
„Не можам да ги критикувам моите момци, го дадоа максимумот, но Днипро ги имаше судиите на своја страна... Тоа значи дека Наполи иритира некои луѓе во УЕФА и трофејот мора одново да оди во рацете на Севиља”.
„Нека ни кажат дека тоа го сакаат и ние самите ќе се тргнеме на страна, бидејќи не сакаме да не возат”.
„Ако Платини сака да владее, треба тоа да го прави тоа со мудрост на монарх”.
„Не смее да има вакви сомнежи. Мора подобро да ги делегира судиите”.
„Никола Рицоли судеше вчера на дуелот помеѓу Барса и Баерн, додека пак ние го добивме Моен”.
„Кој е тој? Дали сте слушнале аз него? Дали е важен? Дали ги исполнува условите за ваков натпревар?”