24фудбал

Севиља убедлива, само реми за Наполи

Севиља со убедливи 3-0 ја победи Фиорентина и речиси го обезбеди големото финале во Лига Европа, Наполи одигра само нерешено 1-1 против Днипро.

Лига Европа
Севиља одигра одличен натпревар против Фиорентина и со една нога е веќе во финалето откако на свој терен славеше со 3-0.
 
Главна ѕвезда на натпреварот беше Видал кој постигна два гола и асистираше за третиот кој беше дело на Гамеиро една минута по влегувањето на терен.
 
По овој тежок пораз Фиорентина ќе има невозможна мисија во реваншот да ја анулира високата предност.
 
Наполи влезе како голем фаворит во дуелот со Днипро, но одигра само 1-1.
 
Лопез во 50. минута му донесе водство на Наполи, Селезнов на десет минути пред крајот го изедначи резултатот.
 
Тимот на Бенитез ќе мора да нападне во Украина, бидејќи на Днипро му одговара и реми без погодоци.