24фудбал

Работнички го одложи шампионското славје на Вардар

Вардар и Работнички одиграа нерешено 2-2, „црвено-црните" бркаа победа за шампионскиот трофеј, но „романтичарите" не се откажуваат.

Македонија
Вардар и Работнички одиграа натпревар со четири погодоци и неколку убави шанси за гол кој заврши без победник 2-2.
 
Вардарци со победа ќе ја превземеа шампионската круна од Работнички, но не успеаа, ќе се обидат во следното коло кога во Куманово и гостуваат на Шкендија.
 
Работнички поведе во 25. минута со гол на Анене, „романтичарите" беа подобар противник во првиот дел и лесно можеа да стигнат и до поубедлива предност, но Вардар на голот го имаше Пачовски кој во неколку наврати одлично интервенираше.
 
Многу подобра игра на Вардар во вториот дел, тимот на Андреев притисна и со два гола на Јасер Асани направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.
 
Шампионскиот пехар беше блиску, но Анене повторно беше кобен за „црвено-црните", со негов погодок во 82. минута Работнички дојде до изедначување и конечни 2-2.