24фудбал

Шкендија со играч помалку го победи Вардар

Шкендија со 3-2 го победи Вардар иако лидерот на табелата играше со фудбалер повеќе цели 75 минути.

Македонија
Шкендија беше подобра од Вардар на стадионот на Башкими во Куманово победувајќи го со 3-2 во одложениот натпревар од 26. коло.
 
Шкендија дојде во водство по само 11. минути игра со гол на Жуниор, а четири минути подоцна остана со фудбалер помалку откако Стефан Ашковски беше исклучен.
 
Но и со играч помалку Шкендија зголеми на 2-0, Вручина погоди од пенал. До крајот на првиот дел Вардар преку Ибричиќ успеа да го намали резултатот на 2-1.
 
Вардарци во 76. минута преку Глигоров дојдоа до изедначување и се чинеше дека ќе успеат да избегнат пораз, но на осум минути пред крајот Бразилецот Виктор Нилдо Јуфо постигна гол за голема радост на Шкендија и победа од 3-2.
 
Поразот на Вардар доаѓа пред големото дерби против Работнички кој има само три бода помалку од црвено-црните.
 
ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3-2
СРЕДА: 
РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 2-2
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 1-0
ТЕТЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
РЕНОВА – Х.ТУРНОВО 1-1
 
ТАБЕЛА:
 
1. ВАРДАР 58 (БОДОВИ)
2. РАБОТНИЧКИ 55 
3. ШКЕНДИЈА 44
4. РЕНОВА 43
5.  СИЛЕКС 34 
6. МЕТАЛУРГ 32
7. Х.ТУРНОВО 30
8. БРЕГАЛНИЦА 27 
9. ПЕЛИСТЕР 22 
10. ТЕТЕКС 10