24фудбал

Мурињо со порака до Реал: Заборавете на Азар

Жозе Мурињо му порача на Реал Мадрид да заборави на Еден Азар, ’Специјалниот’ вели дека Белгијанецот е среќен на Стемфорд Бриџ

Англија

Оваа недела, тренерот на Реал Мадрид Б, Зинедин Зидан истакна дека го следи Еден Азар и откри дека повеќе му се допаѓа репрезентативецот на Белгија отколку двете големи суперѕвезди, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Ваквите коментари само ги подгреаа шпекулациите за трансфер на Еден Азар на Сантијаго Бернабеу.


Сепак, Жозе Мурињо експресно одговори и порача дека Еден Азар е среќен во Лондон и нема намера да замине.

„Неодамна стави потпис на нов договор” – рече ’Специјалниот’ на денешната прес конференција. „Не му ставивме пиштол на глава”.

„Му се допаѓа Челзи, му се допаѓа тимот и му се допаѓа првенството”.

„Ја потврди својата верност кон клубот ставајќи потпис на многу добар договор”.

„Мислам дека нема намера да замине од Стемфорд Бриџ. Не ме интересира што вели Зидан”.