24фудбал

Барса - Баерн, Јуве - Реал во полуфиналето од Лигата на шампионите

Барселона против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола против својот поранешен клуб, интересно ќе биде и на дуелот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид.

Лига на Шампиони
Денеска беа извлечени полуфиналните двојки од Лигата на шампионите, четири европски гиганти ќе се борат за влез во големото финале.
 
Ждрепката ги поврза Барселона и Баерн Минхен, па Пеп Гвардиола ќе се врати на Камп Ноу, но овој пат како тренер на противничкиот тим.
 
Супер интересен ќе биде и дуелот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид кои ќе играат во второто полуфинале.
 
Полуфинале Лига на шампиони:
 
Барселона - Баерн Минхен
Јувентус - Реал Мадрид
 
Првите полуфинални средби се играат 5/6 мај, додека реваншите се на 12/13 мај. Финалето се игра на 6 јуни во Берлин.