24фудбал

Друловиќ ќе го убедува Марко Павловски да игра за Македонија

Tалентираниот српски фудбалер, Марко Павловски кој има и македонски корени, би можел да заигра за нашата репрезентација доколку новиот селектор Љубинко Друловиќ успее да го убеди.

Македонија
Павловски беше капитен на српската репрезентација до 19 години која со Друловиќ го освои Европското првенство во Литванија.
 
Фудбалерот кој во моментов игра за Порто, во 2012 година одби повик од Чедомир Јаневски да игра македонската репрезентација, но Друловиќ ќе се обиде уште еднаш.
 
„Знам дека Македонија го сака и веќе еднаш му имаат понудено да игра. Но додека разговарав со челниците на ФФМ никој не ја спомна таа тема. Павловски има македонски корени и поради тоа Македонија го сака во својата репрезентација. Но ќе видиме што ќе биде. Марко од секогаш со голема страст играл за Србија, и знам дека сака да биде дел и од сениорскиот тим" - изјави Друловиќ за „Информер“.
 
Оваа сезона Павловски не игра во добра форма, од 40 натпревари за Б тимот на Порто, настапил само на 16.