24фудбал

Депај во Манчестер на преговори со Јунајтед

Медиумите од Англија пренесуваат дека фудбалерот на ПСВ, Мемфис Депај отпатувал во Манчестер на средба со ’Црвените Ѓаволи’

Англија

Подолго време се говори дека репрезентативецот на ’Лалињата’ е на листата со желби на Манчестер Јунајтед.

Луј ван Гал е голем фан на играта на својот сонародник и ’Црвените Ѓаволи’ работат на трансфер вреден околу 25 милиони фунти.

Последните информации што пристигнуваат од ’Островото’ велат дека Мемфис Депај во придружба на својот агент, Кес Плогсма, пристигнале во Манчестер каде ќе одржат средба со лидерите на клубот од Олд Трафорд.

Се говори дека Манчестер Јунајтед е подготвен на 21 годишниот офанзивен фудбалер да му понуди неделна плата од 130 000 фунти.

Ливерпул и ПСЖ исто така пројавуваат интерес за услугите на Мемфис Депај, но Манчестер Јунајтед важи за голем фаворит во трката за потписот на Холанѓанецот.