24фудбал

Роџерс: Јас сум правиот човек за Ливерпул, а не Клоп

Брендан Роџерс вели дека тој е правиот човек што ќе му донесе титули на Ливерпул а не Јирген Клоп

Англија

’Црвените’ имаат слаба сезона, па често се говори дека на Енфилд би можел да пристигне нов менаџер.

Во последно време Јирген Клоп се споменува како главен кандидат за жешкото столче на Ливерпул, стратегот неодамна најави дека по крајот на сезоната ќе замине од Борусија Дортмунд па се поврзува со неколку клубови од Премиерлигата.

Менаџерот на ’Црвените’, Брендан Роџерс вели дека секогаш ќе има шпекулации, но не е премногу загрижен бидејќи верува дека тој е правиот човек за Ливерпул.

„Кога сте во клуб како Ливерпул секогаш ќе има многу имиња” – рече Роџерс. „За време на мојот престој тука, низ медиумите кружеа голем број на имиња”.

„Така е кога се работи за голем клуб, почитуван клуб, па нема проблем”.

„Кога ќе загубите неколку натпревари се случуваат такви работи”.

„Но мислам дека никој не е подобар од мене (да биде менџер на Ливерпул). Пред три месеци бев тактички гениј, игравме добро, но загубивме неколку важни натпревари и одеднаш не сум доволно добар”.

„Таков е фудбалот, луѓето секогаш ќе шпекулираат”.