24фудбал

Љубинко Друловиќ е новиот селектор на Македонија

Македонската фудбалска федерација го избра новиот селектор, поранешниот играч на Порто и Бенфика, Љубинко Друловиќ ќе биде новиот предводник на нашата фудбалска репрезентација.

Македонија
ФФМ и Љубинко Друловиќ потпишаа две ипол годинишен договор, српскиот стратег е новиот селектор на Македонија.
 
„Имам голема чест, а уште поголема одговорност да ја преземам должноста селектор на А репрезентацијата на Македонија. Благодарност за моето именување до претседателот Илчо Ѓорѓиоски и до сите членови на Управниот одбор на федерацијата" - изјави новиот македонски селектор.
 
„Сите кои ме познаваат знаат дека ќе направам сѐ за да ги оправдам очекувањата, ќе се обидам да докажам дека мојот избор е добра работа за македонскиот фудбал.  Секако, ветувам дека со својот стручен штаб ќе вложам максимален труд во работата со А селекцијата".
 
„Пред нас се уште пет натпревари во квалификациите. Ова ќе биде голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можеме да ветиме многу работа. Ни требаат фудбалери во силен карактер од кои треба да се направи тим кој ќе биде во служба на резултатот".
 
Љубинко Друловиќ како фудбалер настапуваше за славните португалски клубови, Порто и Бенфика, го носеше и дресот на Партизан. Во 2013 го имаше својот најголем тренерски успех кога со репрезентацијата на Србија за играчи до 19 години го освои Европското првенство во Литванија. 
 
Официјалната промоција на Љубинко Друловиќ за селектор на репрезентацијата на Македонија ќе се случи на 28. април 2015 година.