24фудбал

Јувентус: ДА за Дибала, НЕ за Фалкао

Генералниот директор на ’Бјанконерите’, Бепе Марота потврди дека водат преговори за Пауло Дибала, но ја отфрла можноста Радамел Фалкао да пристигне во Торино

Италија

Шампионот на Италија е во потрага на нов напаѓач, медиумите го поврзуваат Јувентус со неколку имиња помеѓу кои Пауло Дибала, Радамел Фалкао и Единсон Кавани.

Во разговор со Gazzetta dello Sport, генералниот директор на ’Бјанконерите’, Бепе Марота потврди дека се водат преговори за ангажман на Пауло Дибала.

Сепак признава дека зделката воопшто нема да биде лесна поради големиот интерес како и барањата на Палермо за 50 милиони евра обесштетување.

„Ни се допаѓа Дибала, тој е една од нашите трансфер целите” – вели Марота.

„Нема да кријам дека се сретнавме со Маурицио Зампарини (претседателот на ’Сицилијанците’. Доколку негирам, тој сигурно ќе го открие тоа”.

„Но преговорите се тешки, многу клубови пројавуваат интерес за неговите услуги. Ќе видиме што ќе се случи”.

„Фалкао? Тој е на позајмица во Манчестер Јунајтед од Монако и има превисока плата, која ние не можеме да си ја дозволиме”,

„Нерално е да го замислуваме во дресот на Јувентус”.

„Кавани? Не сме оствариле контакт со ПСЖ. Но доколку тој биде ставен на продажба, сигурно ќе разговараме”.