24фудбал

Бенитез е премногу дебел за да биде тренер на Сампдорија

Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро вели дека Рафа Бенитез би можел да биде тренер на неговиот тим но само ако ослабе.

Италија
Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Синиша Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Наполи, а Бенитез ќе го превземе кормилото на Сампдорија.
 
Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро имаше коментар на ваквите гласини.
 
„Би можел да го земам Бенитез, но треба прво да се стави на диета, бидејќи премногу е дебел за нашиот клуб" - вели Фереро.
 
„Доколку Михајловиќ си замине, веќе имам заменик за него. Медиумите викаат дека заминува, но јас не знам ништо за тоа".
 
„Koлку што знам тој останува. Но доколку си оди, знам кој ќе биде негов наследник".