24фудбал

Реал Мадрид и Јувентус во полуфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Со гол на Чичарито во финишот од натпреварот Реал Мадрид го победи Атлетико и се пласира меѓу четирите најдобри, Јувентус издржа во Монако.

Лига на Шампиони
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа уште еден тврд натпревар без многу фудбалска убавина и со малку шанси за гол од кои дури последната беше реализирана.
 
Клучниот момент на натпреварот можеби беше вториот жолт картон на Арда Туран во 76. минута, од кога Реал Мадрид дополнително го зголеми притисокот и на крајот го реши натпреварот.
 
Во 88. минута по една убава акција на Родригрез и Роналдо, Чичарито постигна гол кој значеше полуфинале за Реал Мадрид.
 
На дуелот помеѓу Монако и Јувентус немаше погодоци, па поради победата во Италија, Старата Дама продолжува понатаму.
 
Монако беше подобриот тим, напаѓаше, се обидуваше да ја анулира негативата од првиот натпревар, но Јувентус издржа и се најде во полуфиналето.
 


Goal chicharito - Real Madrid 1-0 Atl... by Bayeo