24фудбал

УЕФА ја потврди промената во ждрепката за ЛШ

Европската куќа на фудбалот ја потврди промената во ждрепката за ЛШ, од следната сезона носители ќе бидат шампионите од седумте најдобро рангирани првенства и бранителот на трофејот

Лига на Шампиони

Кон крајот на минатата година УЕФА најави дека ќе направи промни со цел да се избегнат поедини нелогичности, како на пример случајот со Арсенал и Манчестер Сити од оваа сезона.

’Топџиите’ беа носител и се најдоа во првиот шешир и покрај тоа што завршија на четвртата позиција во Премиерлигата, а шампионот на Англија, Манчестер Сити се најде во вториот шешир.

Европската куќа на фудбалот денеска го објави правилникот за следната сезона, и ја потврди промената во ждрепката.

Носители во првиот шешир ќе бидат шампионите на седумте најдобро рангирани првенства како и бранителот на трофејот.

Како што стојат работите во овој момент, клубовите како Арсенал, Атлетико Мадрид и Порто ќе го загубат статусот на ждрепката на 27. август.

Реал Мадрид исто така нема да се најде во првиот шешир доколку Барселона триумфира во Примера и Лигата на Шампионите.

Доколку освојувачот на Лигата на Шампионите е и шампион во домашното првенство, тогаш местото на последен носител ќе му припадне на шампионот на Холандија, односно во моментов на ПСВ.

Според досегашниот формат, носители се осумте клубови кои имаат најдобар ранкинг кој се утврдува на база на резултатите во последните пет години.

Новиот систем во корист ќе им оди на екипите како Јувентус, Зенит и шампионот на Франција.