24фудбал

Шкендија - Вардар ќе се игра во петок

Дерби натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар кој требаше да биде одигран денес, е презакажан за во петок со почеток од 14 часот.

Македонија
Поради инцидентите во Гошинце, ФФМ го одложи натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар кој требаше да се одигра денеска во Куманово.
 
Теренот останува непроменет, Шкендија ќе биде домаќин во Куманово поради реновирањето на стадионот во Тетово, а натпреварот против Вардар ќе го одигра во петок со почеток од 14 часот.