24фудбал

Агентот на Де Брујне се сретнал со Сити

Агентот на Кевин Де Брујне вели дека имал средба со лидерите на Манчестер Сити но до овој момент не се започнати формални преговори

Англија

Репрезентативецот на Белгија има одлична сезона, голем број на клубови се интересираат за неговите услуги а ’Граѓаните’ се посочуваат како фаворит во трката.

„Се сретнав со лидерите на Манчестер Сити, се познавам со нив” – вели Патрик Де Костер.

„Не сум разговарал со никого од Манчестер Јунајтед, но многу други клубови остварија информативни контакти”.

Вчера агентот на Пол Погба, Мино Раиола откри дека дневно добива по 20 телефонски повици, а Де Костер вели дека иста е ситуацијата и кај него.

„Ја прочитав изјавата на Раиола, и можам да кажам дека иста е ситуацијата и кај мене. Верувам дека и агентот нa Мемфис Депај е во слична ситуација”.

„Во моментов нема формални преговори. Секако, во следниот период ќе имам многу средби, но тоа ќе бидат само информативни состаноци”.

„Исто така морам да додадам дека Кевин е многу, многу среќен во Волфзбург и од начинот на кој клубот го третира по неговиот трансфер од Челзи”.

„Колкава сума ќе бара Волфзбург? Не знам. Платија 24 милиони евра за неговите услуги, и можам само да претпоставам дека ќе бараат многу повеќе од оваа бројка”.