24фудбал

Палермо сега бара 50€ милиони за Дибала

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини вели дека цената на напаѓачот Пауло Дибала сега изнесува 50 милиони евра

Италија

Во изминатите неколку месеци, првиот човек на ’Сицилијанците’ често говореше дека Пауло Дибала ќе биде продаден за 40 милиони евра, но поради големиот интерес за услугите на Аргентинецот, Маурицио Зампарини сега ги зголеми барањата.

„Шест или седум тимови се заинтересирани за Дибала” – вели Зампарини во разговор со Gazzetta dello Sport.

„Во моментов, неговата цена изнесува 50 милиони евра”.

Маурицио Зампарини исто така верува дека Пауло Дибала ќе биде новиот Лео Меси.

„Дибала не е Серхио Агуеро, тој е новиот Лео Меси” – Canal Plus го цитира претседателот на Палермо.

„Тој не е класичен напаѓач, игра на секој дел од теренот, исто како Меси”.

„Веќе добив четири конкретни понуди. Две се од клубови од Италија, две од странство. Арсенал и Јувентус се помеѓу клубовите кои доставија понуди”.