24фудбал

Бартомеy: Барса нема планови за ангажман на Погба

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу вели дека Пол Погба е добар фудбалер но во моментов ’Каталонците’ не планираат ангажман на Французинот

Шпанија

Клубот од Камп Ноу има ембарго за трансфери и не може да го засили составот до јанури 2016.

Но и покрај тоа, медиумите често ги поврзуваат ’Каталонците’ со голем број на играчи, а еден од нив е Пол Погба од Јувентус.

Во разговор со RMC, претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу вели дека Пол Погба е добар фудбалер, но исто така додава дека во моментов ’Каталонците’ не планираат ангажман на Французинот.

„Имаме казна од ФИФА која не спречува да ангажираме нови играчи до јануари 2016” – вели Бартомеу. „Работиме за некои играчи да пристигнат, а други да заминат”.

„Се подготвуваме за следната сезона но нема да откривам имиња”.

„Пол Погба е добар фудбалер, но има договор со клуб од Италија, и јас имам голема почит кон нив”.

„Во моментов немаме планови за ангажман на Погба, но сите сакаат во своите редови да ги имаат најдобрите играчи”.

„И во нашите редови има играчи кои се желба на други клубови”.