24фудбал

Ројс оди зад решетки?!

Медиумите од Германија пренесуваат дека обвинителството отворило нова постапка против Марко Ројс, фудбалерот на Борусија Дортмунд би можел да заврши во затвор

Германија

Во декември минатата година беше откриено дека Марко Ројс најмалку во шест наврати бил фатен како вози без дозвола, па играчот доби парична глоба од неверојатни 540 000 евра.

Но проблемите на Германецот не престануваат тука, обвинителството покрена нова постапка.

Како што пренесуваат медиумите, Марко Ројс очигледно си продолжил со старите навики, и понатаму вози без дозвола.

До полицијата пристагнале неколку дојави од загрижени луѓе кои сведочеле дека го виделе фудбалерот на ’Милионерите’ зад воланот.

За вакво прекршување на законот, Марко Ројс би можел да заврши зад решетки, но за очекување е да помине само со условна казна доколку одново биде прогласен за виновен.