24фудбал

Хет-трик на Роналдо на хуманитарниот натпревар во Франција! (ВИДЕО)

Екипата на Роналдо и Зидан загуби од ѕвездите на Сент Етјен на хуманитарен натпревар на кој продефилираа многу фудбалски легенди.

Видео
Роналдо и Зидан имаа вистинско шоу на натпреварот кој нивниот тим го загуби со 7-9, Бразилецот постигна и хет трик.
 
Покрај Роналдо и Зидан, на натпреварот настапија и ѕвезди како Франк де Бур, Трезеге, Џоркаеф, Окоча, Бартез, Ван дер Сар, Сидорф и други.
 
Покрај со голови, натпреварот изобилуваше и со атрактивни потези на големите фудбалски имиња.