24фудбал

Челзи понудил 40€ милиони за Дибала; ПСЖ 45€ милиони

Агентот на Пауло Дибала открива дека на нивна адреса пристигнале две богати понуди од Челзи и ПСЖ и очекува цената на играчот да стигне до 50 милиони евра

Италија

Младиот Аргентинец е трансфер цел на голем број клубови, се верува дека Јувентус е во пол позиција поради желбата на Пауло Дибала да остане во Италија.

Но ’Бјанконерите’ немаат финансиска моќ да се натпреваруваат за потписот на играчот, на адреса на Пауло Дибала веќе пристигнале две понуди вредни 40 односно 45 милиони евра.

„Да, ПСЖ истапи со понуда од околу 45 милиони евра” – вели агентот на фудбалерот, Густаво Маскарди во разговор со La Gazzetta dello Sport.

„Челзи претходно достави понуда вредна 40 милиони евра”.

„Од ваквиот развој на настаните е јасно дека цената на играчот ќе се искачи и до 50 милиони евра”.

„Пауло не се брза и внимателно ќе ја донесе одлуката за иднината”.