24фудбал

Како браќата Фелаини ќе му ја расипеа тактиката на Мурињо за дуелот со Манчестер јунјтед

Мирор излезе со интересна сторија за Жозе Мурињо и браќата Фелаини кои за малку ќе ги расипеле тактичките планови на Португалецот за дуелот помеѓу Челзи и Манчестер јунајтед.

Англија
Маруан Фелаини беше еден од најзначајните играчи на Манчестер јунајтед во последните натпревари кои тимот на Ван Гал ги добиваше.
 
Белгиецот е една од најдоминантните фигури во составот на Јунајтед, па Мурињо спреми посебна тактика за него со цел да го неутрализира, и тоа му успеа.
 
Но пред почетокот на натпреварот се случил еден интересен момент со братот на Маруан Фелаини кој изгледа идентично на него.
 
„Утрината се симнав во фоајето и портирот ми вели „Фелаини нема да игра". Портирот го прашал, „Што бараш тука?" Тој одговорил, „Јас сум Фелаини и дојдов да земам билети за натпреварот од мојот пријател Еден Азар".
 
„Тоа не ми мирисаше добро. На Гугл со мојот телефон напишав 'братот на Фелаини' и видов дека двајцата се исти. Па со сликата отидов кај вратарот и го прашав: „Овој беше или овој". Toj погледна и ми рече „овој".
 
„Тоа беше брат му".