24фудбал

Мурињо: Досадни сме, од првото коло сме на врвот на табелата

Жозе Мурињо одговори на истражувањето на „Кик Ит Аут“ според кое Челси е најомразениот тим во Премиер лигата.

Англија
Агенцијата која се бори против дискриминација на социјалните мрежи, „Кик Ит Аут“ направи истражување за тоа кој е најомразениот тим во Премиер лигата.
 
Со 20.000 навреди упатени кон Челси на социјалнитемрежи, тимот на Мурињо го завзема првото место, а Португалецот има одговор зошто е тоа така.
 
„Не не сакаат бидејќи сме досадни, први сме на табелата уште од првото коло. Другите навивачи не го сакаат тоа. Секој сака и оваа лига да биде како Чемпионшип каде што разликата меѓу првите четири екипи е многу мала. Знам дека тоа е идеалното сценарио за Премиер лигата, но ние се трудиме тоа да не биде така" - рече Мурињо.