24фудбал

Лекарскиот тим го напушти Баерн Минхен откако беше искриткуван за поразот од Порто!

Лекарскиот тим на Баерн Минхен реши да го напушти клубот откако беше посочен како виновник за поразот од Порто.

Германија
Баерн Минхен загуби на гостувањето кај Порто со 3-1, а негативниот резултат донесе многу турбуленции во клубот.
 
Од страна на стручниот штаб на чело со Пеп Гвардиола, лекарскиот тим беше обвинет за многуте повреди со кои се соочува Баерн, па главниот доктор Ханс-Вилхелм Милер реши заедно со своите соработници да си замине.
 
„По дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Порто и Баерн Минхен, медицинскиот тим беше критикуван за неочекуваниот пораз. За нас тоа е неразбирливо и поради нарушената доверба се повлекуваме" - изјави докторот Ханс-Вилхелм Милер.
 
Тој важи за еден од најдобрите спортски доктори во Германија, од 1977 година со мали паузи работи и во Баерн Минхен но и во националната репрезентација.
 
Докторот го напушти Баерн и во 2008/09 кога имаше несогласувања со Јирген Клинсман, но се врати откако тренерот си замина.