24фудбал

Суарез и претходно си има поигрувано со Луиз (ВИДЕО)

Луис Суарез вчера го посрамоти Давид Луиз, но напаѓачот и во минатото си има поигрувано со дефанзивецот

Видео

Контроверзниот Уругваец вчера во два наврати успеа да му ја протне топката меѓу нозете на Давид Луиз, и да постигне голови по двата дриблинга.

По крајот на натпреварот Луис Суарез истакна дека морал да реагира така бидејќи тоа било единствениот начин да го помени противничкиот играч.

„Морав да му ја протнам топката меѓу нозе, не можев да го поминам на друг начин” – рече Суарез.

Слабата игра на Давид Луиз беше топ тема на социјалните мрежи, многумина се шегуваа на адреса на Бразилецот.

Но имаше и такви кои посочија дека дефанзивецот очиглдно не учи од грешките, со оглед на тоа дека Луис Суарез и претходно си има поигрувано со него.

На дуел помеѓу Ливерпул и Челзи во Премиерлигата, Уругваецот направи Давид Луиз да изгледа како мало дете.

Суарез VS Луиз (Ливерпул-Челзи)

Суарез VS Луиз (ПСЖ - Барселона)