24фудбал

Венгер: Сакам Волкот да остане во Арсенал

Арсен Венгер сака да го задржи Тео Волкот и верува дека напаѓачот ќе стави потпис на нов договор

Англија

Репрезентативецот на ’Гордиот Албион’ е обврзан кон ’Топџиите’ до 30. јуни 2016, преговорите за продолжување на соработката се во почетна фаза па често се говори за иднината на фудбалерот.

Се шпекулира дека Ливерпул пројавува сериозен интерес за услугите на Тео Волкот, а неговата ситуација ја следат и Манчестер Сити и Челзи.

Сепак, Арсен Венгер сака да го задржи играчот и верува дека Англичанецот ќе стави потпис на нов договор.

„Верувам дека Тео ќе ја продолжи верноста, тој пред себе има одлична иднина” – вели менаџерот на Арсенал.

„Се враќа од тешка повреда и секоја недела е се подобар”.

„Судејќи според неговата квалитетна и интелегента игра, очекувам во иднина да има одличен голгетерски скор”.

„Па сакам да остане во Арсенал”.